Фудбалерите на Борусија Дортмунд стигнаа и до третата победа во исто толку натпревари сезонава во германската Бундеслига откако денеска славеа на домашен терен против Падерборн со 3-0.
Водство за „милионерите“ од 1-0 донесе Фабио Силва во 5. минута. До крајот на првиот дел домаќините уште двапати ја тресеа мрежата на противникот преку Гираси, но и двата гола беа поништени поради офсајд. Во вториот дел на 2-0 зголеми Нмеча во 80. минута, додека конечните 3-0 ги постави истиот фудбалер во 89. минута.
Borussia Dortmund 2-0 Paderborn – Felix Nmecha 80'
byu/4gjdtokurwa insoccer
Стоотстотни во новата сезона останаа и фудбалерите на Фрајбург кои славеа над Борусија Менхенгладбах со 5-0. Во останатите мечеви од понудата од 15.30 часот: Хофенхајм – Штутгарт 2-1, Аугзбург – Баер Леверкузен 2-2 и Мајнц – Ајнтрахт Франкфурт 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
