Борусија Менхенгладбах има нов тренер

Германскиот бундеслигаш Борусија Менхенгладбах, денеска го назначи Александер Блесин за нов тренер на екипата.

Поранешниот тренер на Џенова и на Унион Сен Жил, потпиша договор до 2028 година и доби задача да ја извлече екипата од резултатската криза на стартот од сезоната.

Борусија загуби за сите четири натпревари во Бундеслигата досега и се наоѓа на последното место на табелата со гол-разлика 6:16.

Блесин на клупата го наследи Еуген Полански кој доби отказ пред девет дена, по третиот пораз на Борусија во Бундеслигата. На последниот натпревар кој Борусија го загуби со 3:4 од Мајнц, екипата ја предводеше помошниот тренер Јан-Мориц Лихте.

 

 

Се вчитува...