Бостон поведе против Кливленд во финалната серија

Ни после пет натпревари од финалето во Источната конференција во НБА лигата меѓу Бостон и Кливленд, се уште нема брејк победа. Селтикси во синоќешниот натпревар победија на домашен терен во Бостон со 96-83 и поведоа со 3-2.

Кливленд ги одигра одлично последните два натпревари на домашен терен и се чинеше дека може да ја реши серијата, но, селтикси уште еднаш покажаа колку се моќни на свој терен и на гостите не им оставија ни грам надеж за победа.

Уште по првата четвртина, Бостон стигна до 13 поени разлика. Во вториот период, домаќините ја одржуваа предноста од седум до 17 поени.

Контролата на играта и на резултатот продолжи и во вториот дел од мечот кога Бостон стигна и до 21 поен разлика и веќе беше јасно дека селтикси нема да ја испуштат победата од свои раце.

Бостоин во триумфот го предводеше Татум со 24 поени и седум скока, а Браун додаде 17 поени. Кај Кливленд вообичаен подобар од другите беше Леброн Џејмс со 26 поени и 10 скока. Со двоцифрен учинок покрај „кралот“ беше само уште Кевин Лав со 14 поени.

Шестиот натпревар од оваа серија се игра за два дена во Кливленд.

Се вчитува...