Бостон во полуфинале, Голден стејт убедливо тргна и против Њу Орлеанс

Кошаркарите на Бостон се пласираа во полуфиналето од НБА плеј-офот во Источната конференција откако синоќа славеа против Милвоки во седмиот меч. А, полуфиналето веќе го почна Голден стејт кој во првиот меч го „растури“ Њу Орлеанс.

Голден стејт со 123-101, и без Стеф Кари, беше убедлив со Њу Орлеанс во првиот меч од полуфиналната серија на Западот. До триумфот предводеа Клеј Томпсон со 27 поени и Кевин Дурант со 26 поени кој имаше и 13 скока. Грин стандардно запиша „трипл-дабл“ од 16 поени, 15 скока и 11 асистенции.

Кај Њу Орлеанс, Ентони Дејвис беше најдобар со 21 поени и 10 скока.

Возбудлива беше серијата меѓу Бостон и Милвоки во четвртфиналето на Истокот, но Бостон синоќа ја доби мајсторката на домашен терен. Мидлтон е херој во триумфот со 32 поени, а го следеа Бледсо со 23 поени и Антетокуомпо со 22 поени.

Бостон во плеј-офот игра без клучниот свој кошаркар, Кајри Ирвинг. Во полуфиналето ќе се соочи со Филаделфија.

Во полуфиналето на Западот, покрај Голден стејт и Њу Орлеанс, втората пресметка е меѓу Хјустон и Јута.

Се вчитува...