Бостон за едно полувреме го растури Кливленд

Екипата на Бостон селтикс тргна фуриозно во финалето од Источната конференција, декласирајќи го Кливленд во премиерниот натпревар од оваа финална серија со преубедливи 108-83. Иако кошаркарите на Кливленд делуваа фуриозно во претходната рунда против Торонто, овојпат Леброн и соиграчите немаа одговор за извонредната колективна игра во нападот на домашниот состав.

Бостон одигра фантастично во првата четвртина, што домашните кошаркари ја завршија со двојно повеќе поени од гостите (36-18). Во сличен ритам се продолжи и во вторите 12 минути, по што селтикси заминаа на одмор со преубедливи 61-35. Се што успеа Кливленд да стори е да ја намали разликата на крајот од третиот период на 14 поени, но потоа Бостон го отвори последниот период со серија од 18-4 и дефинитивно ги отстрани сите дилеми околу победникот на овој натпревар.

Браун со 23 и Морис со 22 поени беа најефиксни кај Бостон при вечерашниот триумф, а домаќините одиграа и одлична одбрана врз Леброн Џејмс, кој постигна скромни 15 поени.

Се вчитува...