Бостон за малку ќе прокоцкаше сигурна победа, Браун со тројка го „скрши“ Денвер

Кошаркарите на Бостон со тешка мака дојдоа до триумф на гостувањето против Денвер во синиќешниот меч од НБА лигата. Ирвинг и друштвото во драматична завршница славеа на крајот со 111-110.

Бостон кон средината од вториот период на играта дојде и до +20 поени, па се чинеше дека победникот веќе со сигурност е решен. Но, Нагетси заиграа одлично во продолжението и на почетокот од последната четвртина дури влегоа со предност од +6 поени.

Па, во максимално израмнет последен период на 35 секунди пред крајот беше 108-108, за да Браун тогаш постигне тројка која се покажа дека ќе биде доволна за конечна победа на Бостон.

Кајри Ирвинг беше најефикасен кај Бостон со 27 поени, додека 20 поени запиша рукито Џејсон Татум. Кај Денвер одлична партија пружи Никола Јокиќ со 24 поени и 11 скока.

Мајами по одлично второ полувреме славеше на гости против Далас со 88-95. Мајами до победата беше предводен од Хасан Вајтсајд кој имаше „дабл-дабл“ ефект од 25 поени и 14 скока, додека кај Далас се издвои Барнс со 20 поени.

Милвоки успеа да и се реваншира на Филаделфија за поразот од пред десеттина дена. Милвоки на свој терен славеше со 107-95.

Бакси беа предводени од одличниот Јанис Антетокуомпо со 31 поен, 18 скока и 6 асистенции. Одлична партија пружи и Крис Мидлтон кој мечот го заврши со 19 поени, 7 скока и 6 асистенции.

Мемфис, пак, благодарение на одличниот финиш на првиот дел и сигурната игра во продолжението славеше против Феникс со 120-109. Тајрик Еванс беше најдобар кај Мемфис со 27 поени, додека кај Феникс најефикасен беше Тиџеј Ворен со 24 постигнати поени.

Се вчитува...