Брајтон ги растури „волците“, Брентфорд со супер-пресврт до победа

Брајтон експресно се врати на победнички патеки по поразот од Нотингем во минатото коло, во голем стил декласирајќи го составот на Вулверхемптон со неверојатни 6-0. Тренерот Де Зерби реши на овој дуел да ги одмори најдобрите фудбалери Мекалистер и Митома, но и во нивно отсуство му одржа лекција на гостинскиот состав.

Натпреварот беше решен за помалку од 30 минути во кои Брајтон поведе со 1-0, најпрвин резултатот го отвори Ундав, по што два гола постигна Грос. Домаќините до крајот на полувремето зголемија на 4-0 преку Велбек, истиот фудбалер на стартот од вториот дел зголеми и на 5-0, а конечните 6-0 ги постави оној кој ја отвори серијата погодоци, Ундав во 66. минута.

Брентфорд со извонреден финиш успеа да слави на домашен терен над Нотингем форест со 2-1. Гостите имаа водство од 0-1 до осум минути пред крајот, но Тони од слободен удар израмни на 1-1, за конечните 2-1 во судиското продолжение да ги постави Бразилецот Да Силва.

Се вчитува...