Екипата на Брајтон се реши да ги задржи ветераните на екипата Џејмс Милнер и Дани Велбек до 2025, односно до 2026 година. Тимот денеска објави дека потпишал нови договори со овие двајца играчи.
37-годишниот Милнер се обврза да остане дел од тимот и во следната сезона, додека Велбек (33) останува во екипата и во следните две години.
Тренерот Роберто де Зерби изрази задоволство од новите договори на двајцата играчи.
„Многу сум среќен за Џејмс и Дани, и двајцата заслужија нови договори. Нивните квалитети и како фудбалери и како личности се јасни за сите нас, и ова е многу убава вест за нас“, изјави Де Зерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА