Бразил го посрамоти Уругвај, минималец на Аргентина во „лудницата“ со Перу (ВИДЕО)

Бразил на убедлив начин го совлада Уругвај со 4-1 во натпревар од 12. коло од квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар.

Бразилците со головите на Нејмар од пенал и два на Рафиња по скоро еден час игра имаа предност од 3-0. На 3-1 намали Луис Суарез во 77. минута додека конечните 4-1 ги постави Габриел Барбоса во 83. минута.

Аргентина стигна до минимална победа над Перу од 1-0. Стрелец за Аргентинците беше Лаутаро Мартинез во 43. минута. Перу може да жали што не стигна барем до бод, бидејќи Јотун во 65. минута промаши пенал.

Во останатите мечеви од 12. коло во јужноамериканските квалификации, Чиле – Венецуела 3-0, Боливија – Парагвај 4-0 и Колумбија – Еквадор 0-0.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...