Фудбалската репрезентација на Брaзил доби нова „десетка“, селекторот Карло Анчелоти со легендарниот број го „задолжи“, фудбалерот на Барселона, Рафиња.
Рафиња денеска дебитираше со „десетката“, на „Квинсленд Каунтри Бенк“ стадионот , Австралија и Бразил одиграа 1:1, со тоа „кариоките“ од пораз се спасија со гол во 95-та минута. Рајан во 95-та минута, по асистенција токму на новата десетка погоди за реми. Претходно, Австралија поведе со голот на Иранкунда.
Со ова Рафиња се приклучи на великаните кои во минатото го носеле легендарниот дрес со бројот 10 во Бразил.
„Десетката“ во Бразил низ историјата ја носеле имиња како Пеле, Ривелињо, Зико, Роналдињо, Ривалдо, а последен кој го носеше овој број беше Нејмар, кој пак неодамна ја заврши репрезентативната кариера.
Рафиња досега за селекцијата на Бразил одигра 42 натпревари и постигна 11 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
