Бразил на колена: Белгијците водат со 2-0 на полувремето

Бразил налета на „европските Бразилци“, разиграни и бестрашни, и губи со 0-2 против Белгија по првото полувреме од четвртфиналната пресметка што се игра на „Казањ Арена“. Нејмар и друштвото не успеаја да се наметнат, а Белгија ги искористи своите шанси. Фернандињо по корнерот во 13.минута си постигна автогол со несмасна реакција.

Возврати Вилијан со силен шут, но Тибо Куртоа одбрани. Во 41.минута, Белгијците изведоа брз противнапад, а Кевин де Бруин со прецизен шут од 25 метри го совлада Алисон, за водство од 0-2 на полувремето.

Се вчитува...