Бразил остана без важен дефанзивец до крајот на СП

Бразилците се соочуваат со сериозен проблем откако беше обелоденето дека до крајот на овој шампионат нема да може да сметаат на стандардниот десен бек Данило. Фудбалерот на Манчестер сити ги повреди лигаментите во скочниот зглоб, пропушти неколку средби, но селекторот Тите се надеваше дека ќе биде „фит“ токму за клучните битки за титулата, но синоќа беше обелоденето дека тој сепак нема да може да се врати на терените во блиска иднина.

„Повредата на Данило е премногу сериозна за тој да може да настапи до крајот на овој мундијал“ – соопштија од Бразилската Фудбалска Конфедерација.

Тој беше втора опција на позицијата десен бек, по повредата на Дани Алвеш, а во отсуство на Данило селекторот Тите е принуден да го остави Фагнер во овој дел од тимот.

Се вчитува...