Норвешка приреди сензација елиминирајќи го големиот Бразил со 1-2 во вечерашното осминафинале од СП 2026 што се играше на стадионот во Њу Џерси, за крај на мундијалскиот сон на „сино-жолтите“ предводени од Карло Анчелоти.
Очекувано, Ерлинг Халанд беше стрелец на победничкиот гол за Норвешка, но вистинскиот херој е голманот Ниланд, кој со низа извонредни интервенции спречи „кариоките“ да го поведат натпреварот во свој ритам.
Првиот зицер Бразил го имаше по само десетина минути беше досуден пенал над Куња, но Ниланд блесна запирајќи го ударот од белата точка на Гимараеш. Бразил имаше повеќе од играта, но избраниците на Анчелоти не успеваа да го најдат патот до мрежата на одличниот Ниланд.
Најубавата шанса во вториот дел ја имаше Ендрик, кој доби маестрално додавање од Винисиус, излезе очи в очи со норвешкиот гоолман, но шутираше крај дирекот.
Казната за бразилските промашувања стигна во 79. минута, Шјелдруп нафрли од левата страна, а Халанд стигна до топката пред Габриел и со силен удар со глава го матираше Алисон Бекер. Ниланд со нова неверојатна интервенција спречи автогол во 86. минута, за што беше награден од Халанд, големиот ас со маестрален удар од работ на шеснаесетникот стрелаше за 0-2 и комплетирање на огромната сензација.
Во 98. минута беше досуден и втор пенал за Бразил, за старт врз Касемиро, Нејмар презеде одговорност и го постигна својот 80. гол во дресот на Бразил, што сепак беше недоволно за „кариоките“ да избегнат шокантна елиминација во Њу Џерси.
Следен противник на Норвешка ќе биде победникот од вечерашниот дуел меѓу Англија и Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
