Бразилецот лут на гласините: Не сум јас виновен за отказот на Конте

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон, ги демантираше гласините дека тој бил „водачот на побуната“ против италијанскиот стручњак Антонио Конте, кој доби отказ оваа недела од Тотенхем.

Тој кажа дека не само што не се точни информациите дека бил против него, туку дека и го поддржувал.

„Не ги прифаќам тие лаги. Секогаш имав голема почит кон Конте. Не бев водач на бунтот против него, туку спротивно. Жал ми е што не пружив онолку колку што се очекуваше од мене и не направив доволно за тој да остане“, додаде тој.

Ричарлисон кој стигна од Евертон минатата година, во медиумите е „обвинет“ дека на клубот дал ултиматум да го отпуштат Италијанецот, во спротивно тој најавил заминување.

„Многу ми помогна кога имавме проблем, го решававме со разговор и професионално, а тоа може и тој да го потврди“, рече Бразилецот.

Се вчитува...