Бразилска одбојкарка исфрлена од ЛОИ неколку часа пред почетокот на полуфиналето против Јужна Кореја

Бразилската одбојкарка, Тандара Кејшета е исфрлена од Олимписките игри во Токио, откако е суспендирана поради допинг. Олимпискиот комитет на Бразил соопшти дека Кајшета е суспендирана поради можно кршење на антидопинг правилата.

Кајшета е тестирана пред еден месец во Бразил кога репрезентацијата се подготвуваше за игрите во Токио. Таа на социјалните мрежи наведе дека ќе се огласи околу целата ситуација кога случајот ќе биде разрешен.

Кајшета денеска требаше да биде дел од тимот на Бразил кој во полуфиналето ќе се сретне со Јужна Кореја.

Се вчитува...