Бразилците ја шокираа и Русија, блиску до главната фаза на СП

По вчерашната победа над Србија, ракометарите на Бразил славеа денеска победа од 25-23 и против Русија во 4. коло на Светското првенство 2019 во Германија и во Данска.

Бразилците, по Србите, ги изненадија и Русите сосема заслужено нанесувајќи им го првиот пораз на шампионатот.

Сега Бразил е во можност за третата позиција на табелата која носи до главната фаза, иако се отвора простор со теоретски шанси и за селекцијата на Србија.

Се вчитува...