Брегалница ја доби најавената донација од ФФМ за реконструкцијата на Градскиот стадион во Штип (ФОТО)

ФК Брегалница денеска и официјално ја доби донацијата од Фудбалската федерација на Македонија и Општинскиот фудбалски сојуз – Штип за првиот дел од реконструкцијата на трибините на Градскиот стадион во Штип.

Штипските „сини“ како дел од првата донација добија 500 столчиња кои ќе бидат поставени на трибината пред стартот на новата сезона во Втората лига – Исток. Во следната фаза ќе следат дополнителни 500 столчиња кои ќе бидат искористени по изградбата на новата трибина на стадионот под Исарот.

„Следи реализацијата на ветеното околу комплетното инфраструктурно освежување на нашиот стадион. Благодарност до Општинскиот фудбалски сојуз и Фудбалската федерација на Македонија за донацијата со која стадионот ќе добие нов лик а сите наши навивачи и љубители на фудбалот ќе имаат далеку подобри услови за следење на натпреварите на клубот. Во иднина секако продолжуваа и дополнителните активности за доизградба на Градскиот стадион во Штип“ – вели Извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев.

Составот на Добринко Илиевски во меѓувреме ги продолжува подготовките за стартот на новата сезона. Во 1. коло веќе во сабота Брегалница гостува на Саса во Македонска каменица.

Се вчитува...