Брегалница на тест и со Академија Пандев

Фудбалерите на Брегалница во Штип повеќе од успешно ја реализираат втората фаза од подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток.

„Сините“ под водство на Добринко Илиевски деновиве реализираат двојни тренинзи во очекување и на финалните тест дуели како начин за темпирање на формата пред почетокот на новиот шампионат.

За фудбалерите на Брегалница до крајот од подготовките останува одигрување силни пријателски натпревари со Академија Пандев, Шкендија и Гостивар.

Се вчитува...