Брегалница се засили и со Роналдо Вебстер од Јамајка (ФОТО)

Крилниот офанзивец Роналдо Ромарио Вебстер од Јамајка е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

22-годишниот Вебстер кој игра на деснокрилната офанзивна позиција, доаѓа од редовите на фудбалскиот клуб Кавалиер од Јамајка, а претходно има настапи и за ФЦ Рено, исто така во домашниот шампионат. Вебстер досега има и еден официјален настап за репрезентацијата на Јамајка.

Претходно, Брегалница се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, фудбалерот од средниот ред Филип Стојчевски од Силекс, репрезентативецот на Јамајка, Колин Андерсон, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

Во меѓувреме продолжуваат активните подготовки на составот на Горан Здравков за новата сезона во ПМФЛ. Поради технички причини, одложен е пријателскиот натпревар со Теута кој требаше да се игра во Банско.

Се вчитува...