Брегалница се засили со Шопоски од Пелистер

Досегашниот фудбалер на Пелистер, Сашо Шопоски е ново засилување на Брегалница за претстојната натпреварувачка сезона во Втората лига – Исток.

23-годишниот Шопоски кој игра во средниот ред, досега во својата кариера има настапи за Металург, Тиквеш и прилепска Победа од каде минатата сезона се пресели во Пелистер.

Нови имиња во редовите на штипјани од претходно се и голманот Илче Петровски, офанзивецот од Плачковица, Андреј Кудијан, стоперот од Скопје, Антонио Митрев, како и досегашните десен бек на Кит Го, Бојан Георгиевски.

Се вчитува...