Брендон Инграм останува во Њу Орлеанс за неверојатни 158 милиони долари

Извонредното крило на Њу Орлеанс пеликанс, Брендон Инграм и следната сезона ќе го носи дресот на овој клуб, скапо наплатувајќи ја верноста со тимот од Луизијана.

За следните пет сезони, Њу Орлеанс на Инграм ќе му исплати неверојатни 158 милиони долари. 23-годишниот кошаркар изминатава сезона експлодираше во НБА лигата со 23,8 поени и 6,1 скока по натпревар.

Во НБА лигата пристигна од Универзитетот Дјук, а драфтуван беше од ЛА Лејкерс како втор пик во 2016 година. Од Лос Анѓелес скапо беше трејдуван со Лонзо Бол и Џош Харт за Ентони Дејвис со кого Лејкерс сезонава стигнаа до трофејот во НБА.

Се вчитува...