Брентфорд првпат потроши 50 милиони за нов фудбалер

Каква е разликата во финансиската моќ на англиските премиерлигаши во однос на клубовите од останатите топ-лиги доказ е трансферот на Мамаду Сангаре од Ленс во Брентфорд, за огромни 50 милиони евра.

Брентфорд е тим од средината на табелата во елитното англиско друштво, без пресериозни амбиции, но фактот дека тие можат да си дозоволат да платат такво богатство јасно покажува зошто Премиер-лигата е далеку напред…

Сангаре има 24 години и доаѓа од редовите на Ленс, овој фудбалер за врска е стандарден репрезентативец на Мали кој импресионираше ланската сезона во француското првенство.

Ленс минатото лето плати осум милиони евра за да го доведе Сангаре од Рапид Виена, а сега го продаде африканскиот фудбалер за повеќе од шест пати повисока сума.

Се вчитува...