Британски десетобоец се бори за живот после тешка несреќа

Британскиот десетобоец Бен Грегори, кој трипати го претставуваше Велс на игрите „Комонвелт“ е во критична состојба, откако претрпел фрактура на черепот и вратот во тешка несреќа по падот од велосипед минатата недела.

31-годишниот Грегори задобил повеќекратни крварења во мозокот, се наоѓа во кома и на апарати. Тоа го објави неговата девојка Наоми Хефернан, а атлетскиот сојуз на Велс ја потврди информацијата.

„На Бен му се потребни вашите позитивни мисли и молитви сега“, напиша Хефернан. „Тие кои ги познаваат Бен знаат колку е силен и ментално и физички. Тој е борец и ќе го издржи ова. Молете се за него и испратете ја целата позитивна енергија и мисли кои може да ги соберете. Има толку многу да покаже и тоа ќе му помогне да го преживее ова“, напиша Хефернан.

Се вчитува...