Бројките не лажат: Винисиус се мачи секогаш кога игра против Атлетико Мадрид

Винисиус постигна прекрасен погодок на последниот дуел со Рајо Валјекано во Ла Лига, а „кралевите“ се надеваат дека одличниот голгетер ќе продолжи во ист ритам и на вечерашниот реванш од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Атлетико Мадрид.

Она што е интересно, Атлетико е еден од најнезгодните ривали кога станува збор за настапите на бразилскиот голгетер, кој беше избран за најдобар светски фудбалер за минатата година.

Бројките не лажат – Винисиус досега има одиграно 16 натпревари против Атлетико, при што успеал да постигне само еден гол и една асистенција. Единствениот погодок беше постигнат во четвртфиналето во 2023 година, кога Винисиус со погодок во продолженијата донесе победа на Реал од 3-1.

Неговата статистика на „Ванда“ е уште попоразителна, ако се знае дека Бразилецот нема ниту гол ниту асистенција на гостувањата против големиот градски ривал.

Останува да се види дали оваа непријатна традиција ќе биде прекината вечерва или кризата на Винисиус на „Ванда Метрополитано“ ќе продолжи и на овој осминафинален дуел од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...