Игор Јакимовски и Марина Домазетовска се закитија со бронзени медали на Балканското атлетско првенство за ветерани кое изминатиов викенд се одржа во Белград, а на кое Македонија за првпат учествуваше како рамноправна членка.
Јакимовски освои бронзи на трките на 1.500 и на 3.000 метри, во категоријата М40-44, со најдобри лични резултати сезонава, додека Домазетовска се закити со бронзениот медал на трката на 3.000 метри.
Михајло Здравески го освои 6. место во својата група на трката на 60 метри во категорија М40-44.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА