Брозовиќ им донесе победа на Хрватите, Франција киксираше против Украина (ВИДЕО)

Вечерва се одиграа бројни натпревари во квалификациите за Светското првенство. Украинците приредија изненадување, па како домаќини успеја да ги спречат Французите, остварувајќи реми од 1-1.

Домашниот тим поведе со голот на Шапаренко во финишот на првото полувреме, но Марсијал погоди за конечни 1-1 на почетокот на второто полувреме.

Французите се на врвот со девет бода, Финска и Украина имаат по пет, а Босна и Херцеговина има два бода, но по само три одиграни натпревари. Франција и Украина одиграа по пет натпревари.

Хрватска стигна до многу важна победа во Словачка со голот на Марсел Брозовиќ во 86. минута. Русија и Хрватска се израмнети на првото место во групата Х со по 10 бода.

Холандија ја победи Црна Гора и славеше убедливо со 4-0 со двата гола на Депај, а Вајналдум и Гакпо постигнаа по еден гол. Сигурна беше и Турција, која славеше со 3-0 во Гибралтар.

Шкотите ги победија Молдавците со голот на Дајкс, додека Данска славеше доста тешко, со резултат 1-0 и со играч повеќе, на гости кај Фарските Острови. Најефикасен натпревар одиграа Израел и Австрија, а домаќинот славеше со 5-2.

Се вчитува...