Бруно Фернандеш доаѓа на лекарски прегледи во Манчестер

Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш ги напушти подготовките на Спортинг Лисабон и се упати кон Островот за да го реализира трансферот во Манчестер Јунајтед. Тој доаѓа на лекарски прегледи на „Олд Трафорд“, а со ова ќе биде исполнета една од најголемите желби на менаџерот Оле Гунар Солскјер во овој летен преоден рок. Јунајтед за Бруно Фернандеш ќе плати 62 милиони фунти, а блиску до реализација се и трансферите на Хари Мегваер и на Сергеј Милинковиќ – Савиќ. По ова најверојатно Пол Погба ќе добие можност да замине во Реал Мадрид.

Бруно Фернандеш имаше одлична сезона во дресот на Спортинг Лисабон. Тој постигна 32 гола и имаше 18 асистенции што беше голема препорака за трансфер во голем европски клуб.

 

Се вчитува...