Бруно Фернандеш лојален: Сакам да останам во Јунајтед и да освојувам трофеи овде

Бруно Фернандеш стави крај на шпекулаците дека е подготвен да си замине од Манчестер Јунајтед по разочарувачката сезона на „црвените ѓаволи“, Португалецот го предводеше тимот до триумф во финалето на ФА Купот против Манчестер Сити, а потоа ги израдува фановите со јасна порака за својата иднина.

Одличниот плејмејкер се наоѓа високо на листата со желби на Ал Наср каде лично го бара Кристијано Роналдо, понуди подготвија и неколку клубови ширум Европа, но Бруно Фернандеш не крие дека приоритет му е да остане на „Олд Трафорд“.

„За мене нема дилема, сакам да останам овде и челниците на клубот го знаат тоа. Мојата желба останува иста како и првиот ден – да освојувам трофеи овде, или доколку не е возможно, барем да се борам за нив до последното коло. Оваа сезона беше разочарувачка во Премиер-лигата, но верувам во подобри изданија во наредната“, порача Бруно Фернандеш.

Се вчитува...