Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија Индијана Пејсерс „на крилјата“ на Никола Јокиќ, славејќи со 117-100 изминатава ноќ во НБА лигата.
Трократниот најкорисен играч на лигата, Никола Јокиќ, одигра уште еден „брутална“ меч и оствари трипл-дабл со 32 поени, 14 скока и 14 асистенции!
Јокиќ имаше дури 8 изгубени топки, но шутираше неверојатни 10/14 од поле и реализираше 12 слободни фрлања и погоди 11. Ова е неговиот шести трипл-дабл натпревар во сезоната 2025/26.
Освен одличниот Јокиќ, видовме 17 поени, 3 скока и 4 асистенции од Тим Хардавеј Џуниор, додека Пејтон Вотсон имаше 16 поени и 7 скока, а Кам Џонсон и Џулијан Стротер имаа по 12 поени.
Од другата страна, Арон Несмит се истакна со 25 поени, додека Ендру Нембхард имаше 22 поени и 6 асистенции, а Паскал Сиакам 14 со 6 скока и 5 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Вашингтон Визардс – Далас Маверикс 105-111
Филаделфија 76ерс – Торонто Репторс 130-120
Атланта Хокс – Лос Анџелес Лејкерс 122-102
Кливленд Кавалирс – Чикаго Булс 128-122
Мајами Хит – Портланд Треил Блејзерс 136-131
Сан Антонио Спарс – Њу Орлеанс Пеликанс 126-119
Денвер Нагетс – Индијана Пејсерс 117-100
Лос Анџелес Клиперс – Феникс Санс 103-114
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

