Бруталната Гркинка поради која Покушевски засака ракија и ќебапи

Љубов на далечина која трае со години. Српскиот кошаркар Алексеј Покушевски и неговата избраничка – Гркинката Јоана Лау веќе подолго време се во среќна врска.

Нивната љубов стана јавна уште во 2020 година, кога Покушевски ја избра Оклахома како 17. пик на драфтот во НБА. Од тогаш младиот кошаркар смени многу клубови, но атрактивната Гркинка се уште е во неговиот живот.

Кошаркарот на Партизан не само што направи убав избор, туку и паметен, со оглед на тоа што Јоана студира на магистерски студии по криминалистичка психологија – наука која ги проучува однесувањето и менталните процеси на луѓето кои извршиле криминал.

Но, и покрај напорниот распоред, грчката убавица наоѓа време да се опушти и кога ќе го посети Алексеј во Белград, каде што ја воодушеви традиционалната храна и пијалоци, а посебно место на нејзиниот Инстаграм профил заземаат фотографии од ракија и ќебапи.

Се вчитува...