„Будењето“ на Италија, Манчини го почнува со осум дебитанти

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, го објави списокот за претстојните натпревари во Лигата на нации и на него се наоѓаат дури 34 фудбалери.

Манчини се одлучи да повика дури осум дебитанти, Мохамед Али Зома, Антонио Вергара, Алесандро Романо, Иса Думбиа, Мајкл Кајоде, Масимо Песина, Самуеле, Иначио, Себастијано Еспозито.

Манчини има тешка задача со Италија, да ги „разбуди“ Аѕурите кои ги пропуштија последните три Светски првенства.

Ова е негов кам-бек на клупата на Италија, претходно во 2021 година триумфира на Европското првенство, но следната година во полуфиналето од баражот за пласман на СП во Катар, загуби од Македонија со 0:1.

Аѕурите на 25 септември ќе ја пречекаат Белгија, три дена подоцна ќе и гостуваат на Турција, додека на втори октомври ќе играат против Франција. Четири дена подоцна повторно ќе играат против Турција, овој пат на домашен терен.

 

 

 

Се вчитува...