Будуќност и Вајли во луда завршница ја добија пресметката против Димитријевиќ и Валенсија

Будуќност и Вајли во луд натпревар успеаја да слават против Валенсија и Димитријевиќ со 71-70 во меч од 2. коло во кошаркарскиот Еврокуп. Валенсија го контролираше резултат се до последните десет минути кога домаќините одиграа неверојатно и на крајот успеаја да стигнат до минимален триумф од 71-70.

Џејкоб Вајли го доби македонскиот дуел успевајќи да уфрли 8 поени и да забележи исто толку скока, додека Димитријевиќ немаше своја вечер и мечот го заврши со само два поени и два скока.

Се вчитува...