Будуќност со осмо засилување летово – потпишан и МВП-кошаркарот од италијанската лига

Можеби Црвена Звезда и Партизан создаваат моќни тимови за Евролигата, но црногорскиот првак Будуќност јасно става до знаење дека сака да направи значаен чекор напред во однос на ланската сезона.

„Сино-белите“ од Подгорица се исклучително активни во овој преоден рок откако денеска го потпишаа и осмото засилување. Станува збор за Американецот Колби Рос кој доаѓа од редовите на Варезе по одличната сезона што ја имаше во овој италијански прволигаш. Имено, Рос беше избран за МВП на италијанското првенство откако оствари неверојатно бројки од 17,5 поени и 7,5 асистенции по натпревар.

Тој е второто засилување за плејмејкерската позиција во рок од 24 часа, откако Будуќност го потпиша и плејмејкерот на Далас маверикс, Мекинли Рајг.

Претходно, нови членови на црногорскиот шампион станаа и Флечер Меги, Андрија Грбовиќ, Андрија Славковиќ, Џакори Вилијамс, Алерик Фримен и Марвин Џонс.

Се вчитува...