Поранешниот голман на Парма, Јувентус, ПСЖ и на италијанската репрезентација, се запиша на приватниот институт Маркони за да го заврши образованието кое го прекина како тинејџер за да се фокусира на фудбалската кариера.
Поради неговите обврски, управата на училиштето подготвува специјална програма за учење која ќе му овозможи добро да се подготви за завршниот испит. Буфон веќе го посетил институтот Маркони и разговарал со учениците за неговиот живот, за успесите, победите, но и за грешките и поразите.
Буфон за италијанските медиуми објасни дека ваквата одлука ја донесе поради себе и родителите, како и за сопствените деца на кои сака да им остави позитивен пример и да го разбие митот дека фудбалерите се необразувани спортисти.
Со враќањето во школските клупи, Буфон сака да ја исправи и една од најтемните дамки во неговиот живот. Имено, тој во минатото призна дека како 18-годишно момче купил диплома за завршено средно економско училиште.
Buffon torna a studiare per il diploma che a 18 anni aveva comprato: ‘L’errore più grande, ora niente scorciatoie’ https://t.co/a3wwOIxN5V
— Corriere della Sera (@Corriere) September 18, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
