Буфон со специјална посвета за Болт

Џанлуиџи Буфон уште еднаш ја потврди својата големина, испраќајќи фантастична порака со поддршка до Усаин Болт. Атлетичарот од Јамајка беше поразен во својата последна трка на 100 метри во кариерата, но Буфон со специјална порака преку својот инстаграм профил само потсети дека Болт останува неприкосновен во историјата на својот спорт.

Секоја приказна има свој крај. А кога почетокот е неповторлив, крајот мора да биде незаборавлив. Најбрзиот човек на сите времиња, „грмотевицата“ во атлетиката се пензионираше. Неизбежно, а истовремено и неверојатно. Каков што впрочем тој беше и низ целата војата кариера. Само што… во животот никогаш не престануваш да трчаш, само ја менуваш патеката. Затоа, продолжи да трчаш, Болт. Додека светот се обидува да те стигне“ – напиша Буфон.

Се вчитува...