Буфон стана рекордер, ама Иско и Мората го ’пробушија’ во Мадрид

Шпанија ја декласира Италија во големата пресметка на „Сантијаго Бернабеу“ која решаваше за првото место во нашата квалификациска група Г. „Црвената фурија“ славеше со 3-0, а Иско, со два гола, и Алваро Мората, го расипаа рекордот на легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, кој по 170.пат го бранеше голот на Италија. Заврши и серијата на „аѕурите“ од 56 последователни натпревари без пораз во квалификациите.

Иско во 14.минута го отвори резултатот, а во 40.минута постигна и втор погодок за убедливо водство на Шпанците. Во второто полувреме, Алваро Мората во 77.минута го постигна третиот погодок за конечен триумф.

All GOALS HD – Spain 3-0 Italy 02.09.2017 by jason-pitt1

Украина оствари важна победа над Турција, славејќи со 2-0. Андриј Јармоленко беше двоен стрелец за својата селекција. Мечот меѓу Хрватска и Косово е прекинат поради силен дожд.

Квалификации за СП 2018 – резултати    

Група Д: Велс – Австрија 1-0

Група Г: Шпанија – Италија 3-0, Израел – Македонија 0-1

Група И: Украина – Турција 2-0

Се вчитува...