Фудбалерите на ЦСКА Софија го одработија официјалниот тренинг на стадионот „Петар Милошевски“ во комплексот „Куќа на фудбалот“ во Скопје, пред утрешниот натпревар со Македонија ЃП во 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.
Тренерот Саша Илиќ реализираше финална тактичка подготовка за своите фудбалери на тренингот кој беше максимално обезбедуван од македонската полиција.
Иако е јасно дека Скопје е повеќе од безбедно за бугарскиот тим, сепак максимално професионално припадниците на МВР го обезбедуваа тренингот на ЦСКА Софија кои потенцираа дека воопшто не чувствуваат ниту најмала безбедносна закана за време на својот престој во Скопје. Напротив, од таборот на ЦСКА Софија го потенцираат пријателскиот пречек и од домаќинот Македонија ЃП и од сите во главниот град на Македонија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА