Бугарска сапуница: Оставката на претседателот нема да се прифати

Борислав Михајлов си поднесе оставка од претседателската функција во Бугарската Фудбалска Федерација, но таа нема да биде прифатена, тврди потпретседателот Јордан Лечков. Михајлов се повлече по силниот политичи притисок откако Премиерот Бојко Борисов јавно побара тој да ја поднесе одговорноста за расисистчкото навивање за време на мечот Бугарија – Англија.

Тоа беше проследено со нова полициска истрага за финансиското работење на федерацијата, Михајлов на крајот поднесе оставка, но според Лечков таа нема да биде валидна.

„Сите очекуваат Михајлов да биде разрешен на состанокот в петок, но тоа нема да се случи. Нема да ја прифатиме оставката бидејќи тоа би било спротивно на статутот на федерацијата, претседателот е избран на собрание и само таму може да биде сменет. За незадоволителните резултати не може вината да се бара кај претседателот, туку кај селекторите“ – дециден беше Лечков во денешната изјава за бугарските медиуми.

Се вчитува...