Бурна навивачка прослава на „Шверцери“ во театар (ВИДЕО)

Навивачката група „Шверцери“ прослави 30 години од постоењето, но церемонијата се одржа во Македонскиот национален театар. Бурното навивање, но и скокање, качување на шипките од оградата, сепак, не се за во театар и на тоа требало да мислат оние кои им го изнајмиле просторот за културно воздигнување за оваа намена.

„Шверцерите“ им оддадоа почит со благодарници на поранешни истакнати фудбалски имиња на клубот, од периодот на Слога Југомагнат, па до денешен Шкупи.

Се вчитува...