Бушар ќе игра на Вимблдон

Една од најубавите тенисерки на денешницата, Јуџин Бушар ќе се врати на тенисот по пауза од март 2021 година. Канаѓанката следната недела е пријавена на ВТА турнирот во Венеција кој има награден фонд од 125.000 долари.

Бушар го скина мускулот на рамото, по што мораше да замине на операција, поради која беше надвор од терените повеќе од една година. Сега се враќа на терените, а ќе биде и во главниот ждреб на Вимблдон, турнир на кој во 2014 година играше финале.

Бушар во кариерата стигаше до полуфиналето на Австралија опен и Ролан Гарос.

Се вчитува...