Македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур синоќа го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа. Претходно тој бил на вечера со Ален Исламовиќ, пејачот на прославената група од југословенските простори Бијело Дугме.
Ален Исламовиќ не може да поверува дека само неколку мигови потоа неговиот пријател го загуби животот.
„Утринава во сообраќајна несреќа во Скопје загина легендарниот кошаркар Благоја Георгиевски – Буштур. Минатата вечер бевме заедно на вечера. Нека му е вечна слава и големо и искрено сочуство на неговото семејство, пријателите и љубителите на македонската кошарка. Вечно ќе бидеш во нашите срца Благоја“, напиша пејачот на својот Фејсбук профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА