Бускетс: Имаа план и го спроведоа, не ни оставија простор

Огромно беше разочарувањето кај фудбалерите на Барселона по денешниот пораз, најубедлив на каталонскиот гигант во последните двесетина години. Според Серхио Бускетс, клучен фактор беше одличната игра во одбрана на противникот, кој не дозволи Меси, Нејмар и Суарез да добијат простор за да го загрозат голот на Трап.

Секако дека не сме задоволни од резултатот, но тоа е фудбал, ете ни се случи и на нас да претрпиме така убедлив пораз. Тие имаа план и одлично го спроведоа, играа „тесно“ меѓу линиите и не оставаа простор за наше движење, со што ни ги неутрализираа главните оружја. Немаме изговор, едноставно треба да излеземе на реваншот и да дадеме се од себе. Ќе биде претешко да се дадат четири гола, но сигурно нема да се откажеме предвреме“ – истакна Бускетс.

Се вчитува...