Бускетс: Треба да се извиниме, вторпат ни се случува…

Барселона доживеа нов голем шок во Лигата на шампионите откако загуби со убедливи 4-0 на „Енфилд Роуд“ и нема да биде дел од големото финале во Мадрид иако по првиот полуфинален меч имаше три гола залиха. Играчот за врска Серхио Бускетс вели дека на фудбалерите не им преостанува ништо друго освен да им се извинат на фановите за очајното издание.

„Тие беа подобри, влегоа жестоко во мечот уште од самиот старт. Се мачевме со нивниот пресинг, постигнаа рано прв гол и потоа стана многу потешко. Се обидовме да возвратиме со погодок, но тоа не ни успеа и на крајот заврши трагично за нас. Треба да им се извиниме на навивачите, затоа што ова вторпат ни се случува, по Рим“, изјави Серхио Бускетс.

Барселона веќе ја освои шампионската титула во Ла Лига, а ќе игра и во финалето на Купот на Шпанија. Сепак, нема да биде дел од големото финале во Лигата на шампионите.

Се вчитува...