Бутел доведе нов лев бек

Екипата на Бутел ангажираше уште едно засилување за новата сезона, потпишувајќи договор со 20-годишниот Христијан Милошески. Станува збор за лев бек кој потекнува од составот на Филип Прилеп, има настапувано за вториот тим на Вардар, а минатата сезона го носеше дресот на Работнички.

„Сакам да изразам благодарност до Бутел за укажаната можност. Среќен сум што во наредните години ќе го носам дресот на овој тим, но исто така и среќен што ќе соработувам со одличен тренер и одлични, искусни играчи. Своето претходно искуство ќе го искористам најдобро што можам, но и ќе работам напорно за што е можно повеќе да се надоградам како ракометар. Се надевам дека ќе добијам шанса да се докажам, да ги исполнам очекувањата и достојно да го претставиме Бутел во Купот на ЕХФ и во домашните натпреварувања“, истакна Милошески по потписот на договорот со суперлигашот.

Се вчитува...