Бутел го задржа најдобриот стрелец во плеј-офот во Супер-лигата

Бутел имаше сезона од соништата во своето деби во елитното друштво, успевајќи да обезбеди и излез во ракометна Европа. Затоа, не е никакво изненадување што раководството на клубот потпиша нов договор со Марко Мајиќ, извонредниот ракометар кој беше најдобар стрелец во плејофот во Супер-лигата во претходните два месеци.

„Го продолжив договорот со Бутел  на уште една сезона. Зад мене е една прекрасна сезона и една од најуспешните во мојата кариера. Соработувам со прекрасни луѓе во Бутел и совршени спортисти. Дружбата на терен и надвор од него беше еден од клучните фактори за да го продолжам договорот, како и големиот успех што го направивме минатата сезона. Имав многу турбуленции, операција, но се вратив посилен и психички и физички. Сите верувавме во тимот и ја остваривме целта, а таа беше пласман во Европа. Работевме напорно цела сезона. Ќе дадеме се од себе за достојно да ја претставиме Македонија во ЕХФ Купот, па сите да видат дека во оваа држава се работи квалитетно и дека има една од најсилните лиги во регионот. Македонскиот народ е пријатен, дружељубив, па во ниту еден момент не размислував да одам, бидејќи немав ниту една причина за тоа“, истакна Мајиќ 

Се вчитува...