Бутел ја растури Струга како загревање за Запорожје

Ракометарите на Бутел експресно се вратија на победнички патеки во Супер-лигата, триумфирајќи над Струга со убедливи 32-18. Откако во минатото коло минимално го загубија дербито со Металург, играчите на Бутел денеска немаа многу проблеми против подмладениот струшки состав.

Гостите парираа колку што можеа само во првото полувреме, на одмор се замина со предност од 14-10, за во второто полувреме Бутел да заигра многу подобро и на крајот да стигне до двоцифрен триумф. Мајиќ со девет гола беше прв стрелец на победничкиот тим, Миланов постигна пет, додека кај Струга најефикасен беше Новаковиќ со пет гола.

Овој триумф беше добра увертира за македонскиот клуб во пресрет на дебито во Купот на ЕХФ и претстојниот двомеч против украинскиот претставник Запорожје.

Се вчитува...