Бутел прв го најде лекот за Пролет сезонава

Ракометарите на Бутел триумфираа со 21-24 на гостувањето против Пролет, нанесувајќи му го првиот пораз сезонава на скопскиот суперлигаш. Мечот го одбележа фантастичната игра во одбра на „бутелци“, кои одлично ги затворија приодите кон сопствениот гол, што на крајот се покажа клучно за на крајот да се радуваат на победата.

Самиот факт дека Пролет во првото полувреме постигна само шест гола (6-10) е најдобар доказ за одиграната одбрана на гостинскиот тим. Иако домаќините се обидоа да сторат нешто повеќе, ракометарите на Бутел умешно го исконтролираа резултатот водејќи рутински до 12-18. Избраниците на Матлиески сепак успеаја да се вратат, намалувајќи на 19-20, но Бутел го имаше искусниот Мојсоски, кој со два гола од крило не дозволи целосен пресврт и ја осигура победата на гостинскиот тим.

Печенковски со седум гола го предводеше Бутел во оваа голема победа, додека на спротивната страна Џонов и Мајнов беа стрелци на по осум погодоци за Пролет.

Се вчитува...