Бутел со многу осцилации до победа против Металург 2

Во натпревар со многу осцилации на двете страни ракометарите на Бутел го совладаа Металург 2 со 29-23 во седмото коло од ракометната Суперлига на Македонија.

Домаќините одлично го отворија натпреварот. По воведното водство на гостите од 0-1, со одлична игра во одбраната успеаја во 13. минута успеаја да стигнат до најголемите плус седум (8-1). До крајот на полувремето гостите успеаја да се стабилизираат и на пауза да заминат со далеку поприфатливи минус четири (14-10).

На стартот на второто полувреме гостите успеаја да се доближат на минус два (16-14), но тоа беше се што направија во мечот. Следуваше серија на Бутел од 8-2, со која повторно стигнаа до највисоките плус осум (24-16). Повторно следуваше пад на домаќините, по кој гостите во 53. минута успеаја да се приближат на минус три (25-22).  До крајот сепак Бутелчани успеаја да се одбранат и да стигнат до конечна победа од 29-23.

Мирко Мајиќ со седум гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај Металург 2 Лука Стојановиќ постигна 13 гола со што беше најдобар стрелец на мечот.

Се вчитува...