Тод Боли и неговиот деловен партнер Марк Волтер во четвртокот продадоа акции во Челси на „Clearlake Capital Group“ за сума од една милијарда фунти, објавија медиумите. Чаби Алонсо е задоволен што оваа сага заврши.
Тој им се заблагодари на Боли и Волтер за соработката, но вели дека е задоволен што сега има само еден шеф.
„Секогаш е важен ден кога има големи промени во раководството и сопственичката структура на клубот. Знам дека тие двајца одиграа важна улога, а сега Бехдад (Егбали, заб. на ур.) ќе има поголема контрола, речиси целосна контрола. Важно е да биде јасно кој е главен. Имам многу добар однос со Бехдад. Тој беше оној што дојде во Мадрид и ми го претстави проектот, тој ме убеди да дојдам и добро соработуваме. Во овој момент, го завршивме формирањето на тимот и сега продолжуваме со понатамошната работа“, изјави Алонсо.
Во принцип, промената во сопственичката структура нема многу да го промени управувањето со клубот, бидејќи Бехдад е задолжен за тоа уште од јануари 2023 година. Но, заминувањето на Боли значи дека нема да има внатрешни пречки и конфликти во самиот управен одбор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
