Челси не запира со засилувањата, па нецели 24 часа откако беше официјализирано доаѓањето на Дени Велбек „сините“ исполнија уште една желба на Чаиб Алонсо.
Станува збор за левиот бек на Рајо Ваљекано, Пеп Чаварија, кој ќе потпише договор на пет сезони со лондонскиот премиерлигаш откако конечно беа договорени сите детали од овој трансфер
Чаварија имаше клаузула од 50 милиони евра, ноо Челси го договори овој трансфер за 25 милиони eвра, наоѓајќи замена за Марк Кукуреља кој пред мундијалот беше продаден во Реал Мадрид.
Челниците на Рајо потврдија дека понудата од Англија е прифатена, што е најскап трансфер во клупската историја на овој мадридски прволигаш за кој не така одамна настапуваше и нашиот голман Столе Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
